Дигитализацијата на енергетскиот сектор ќе стави крај на дилемите кај граѓаните дали сметките за струја се реални или паушални. Апостолчо Рамов, раководител во РКЕ, најави дека следниот голем чекор е воведување на паметни броила (smart meters) кои ќе можат да се следат преку мобилен телефон во реално време.

„Дигитализацијата ќе ја зголеми довербата – ќе нема повеќе дилеми дали е сметката реална или претпоставена. Целта е секој граѓанин сам, онлајн да следи како му се движи потрошувачката“, истакна Рамов.

Покрај оваа новина, РКЕ воведува и задолжително тестирање на отпорноста на компаниите на хакерски напади. Енергетските оператори во иднина ќе мораат да ги усогласат своите системи со новиот Закон за безбедност на мрежни и информациски системи, што е клучен предуслов за стабилен и модерен енергетски систем кој ќе ги штити личните податоци и снабдувањето на потрошувачите.

Exit mobile version