Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против В.М., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оддавање службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик.
Пријавената В.М., вработена како полицаец – приправник во Одделение за полиција при Секторот за внатрешни работи Штип, на 10.07.2025 остварила телефонска комуникација со едно лице на телефонскиот број кој го користи нејзиниот брат и му соопштила дека ќе бидат преземени службени полициски дејствија за извидување со дрон, кои претставуваат службена тајна и биле предвидени и преземени по оперативна акција.
Со ваквото дејствие, кое може да има штетни последици за службата, пријавената го сторила кривичното дело „оддавање службена тајна“. Одделот за внатрешна контрола против В.М. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.
Актуелно
- Герасимовски: Годинава стартуваме нови проекти со пензионерите, „Носталгија за корзо“, екскурзии, едукативни работилници и Спортски игри 2026
- Грипот „коси“: Регистрирани над 2.000 нови случаи, починале три лица
- Изводите од матично од денес се вадат само со неколку клика
- Клековски најави ново зголемување на платите во здравството
- Драматични сведоштва за „Онкологија“: Едни бараат казна, други му благодарат на Нино Васев
- Кривична пријава за скопјанец: Со пушка им се заканувал на жената и децата – имал 71 куршум
- Дојче Телеком ја зголемува вредноста на брендот и останува број еден глобален телекомуникациски бренд
- Тинејџерка прегазена на булевар во Скопје

