Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • 20-годишник прегази пешак кај Мирковци
    • 35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски: Наследивме катастрофални 40 милиони, а денес на сметката на Градот имаме 400 милиони денари

    Ѓорѓиевски: Наследивме катастрофални 40 милиони, а денес на сметката на Градот имаме 400 милиони денари

    25.12.2025 во 11:003 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Наследивме катастрофални 40, а сега имаме 400 милиони денари на сметка на градот!, напиша на Фејсбук профилот градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

    Денес го носиме Буџетот за Град Скопје за 2026 година, истакна Ѓорѓиевски.

    „Но мора отворено да зборуваме и за реалноста што ја наследивме, еден од најкатастрофалните квартални извештаи во историјата на градот, од времето на Петре Шилегов и Данела Арсовска.

    За девет месеци се реализирани приходи од 2.856.417.717 денари, што значи просек од само 317.379.746 денари месечно.

    И во претходните години состојбата била слична, а често и полоша.

    За споредба, за само 40 дена реализиравме приходи од 659.493.349 денари, речиси двојно повеќе од било кој месечен резултат во минатото.

    На сметката на Град Скопје наследивме поразителни 40 милиони денари.

    Веќе првиот работен ден од мојот мандат не дочека извршно решение за наплата од 48 милиони денари, плус дополнителни 3 милиони денари по основ на спогодби“, посочи Ѓорѓиевски.

    Ѓорѓиевски истакна дека наследиле презадолжени и девастирани јавни претпријатија и културни установи, хаос во образованието, каде со години не било направено ништо суштинско.

    „Во овој квартален извештај се прикажани само доспеаните долгови и кредитите евидентирани во сметководството на Град Скопје.

    Не се опфатени недоспеаните обврски, ниту најтешкиот товар, тужбите.

    Наследството од Петре Шилегов и Данела Арсовска изнесува 2,9 милијарди денари во активни судски постапки.

    На 08.11.2025 година јавните претпријатија немаа земено плата за месец септември.

    Тоа беше директен удар врз Буџетот на Град Скопје и врз достоинството на вработените.

    Некој си поигрувал со нивните судбини.

    Со ребалансот на Буџетот овозможивме сите јавни претпријатија да ги добијат заостанатите плати.

    Само во ЈП „Паркови и зеленило“, поради законскиот лимит, успеавме да ги исплатиме сите придонеси за платата за ноември и една и пол нето плата.

    Покрај речиси 200 милиони денари обезбедени за плати, наследени беа и тековни обврски кон добавувачи во износ од 330 милиони денари.

    Денес тие се намалени на 236 милиони денари.

    За само 40 дена направивме повеќе во образованието отколку што некои не успеале во цел мандат“, потенцираше Ѓорѓиевски.

    Ѓорѓиевски рече дека градат спортски терени во шест средни училишта.

    „Обезбедуваме прочистувачи на воздух за секоја училница, нова ИТ опрема, смарт табли, лаптопи, нови клупи и столчиња, како и опрема за информатичките кабинети.

    Обезбедивме средства за Луна паркот, проект кој со години беше само празно ветување. Обезбедивме средства и за првата фаза од првата подземна сообраќајница кај „Лимак“, обезбедивме средства за кружниот тек во Ѓорче Петров.

    Ја решивме експропријацијата кај Момин Поток, интензивно продолжува изградбата на таа улица и сме во преговори за откочување на сите други проекти кои беа заглавени од претходните раководства.

    Започнавме реконструкција и на улицата „Фрањо Клуз“ во Аеродром, а предвидовме средства и за инфраструктурни проекти за многу други улици и булевари кои ќе се реализираат во 2026 и 2027 година.

    Успеавме да склучиме спогодба со Владата, со поддршка на Премиерот Христијан Мицкоски, за износ од 360 милиони денари кои ќе бидат исплатени во период од три години, како обврска за студентскиот превоз, проблем за кој претходната влада на СДСМ немаше слух.

    По многу години, го исчистивме Град Скопје, а истовремено го украсуваме и му даваме новогодишен дух и новогодишна прослава каква што заслужуваат скопјани.

    Кога се сака почитувани, сè се може.

    Кога се работи со желба и посветеност.

    Знам дека е тешко.

    Никој не рече дека ќе биде лесно.

    Но доаѓа времето кога нема да се прашуваме дали може подобро.

    Тоа подобро, реално ќе го живееме“, вели Ѓорѓиевски.

    Прочитај повеќе

    Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија

    19.09.2026 во 14:20

    Давчевски до ВМРО-ДПМНЕ: Го блокиравте БРТ за сега Орце да го фали проектот – лицемерни сте

    19.09.2026 во 12:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.