Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45

    Тројца убиени во пукотница во шпанско одморалиште, меѓу нив бремена жена и дете

    17.08.2026 во 13:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Историско судење: Ако „Мета“ го загуби спорот, Instagram и Facebook би можеле засекогаш да се променат
    • Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун – „Тој ме разбира мене, јас го разбирам него“
    • Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари за ракети „Томахавк“
    • Започна исплатата на „Мој ДДВ“ – проверете ги сметките
    • Канада пред нов удар: САД воведуваат царини од 50 проценти во средa
    • Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување
    • Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров
    • Почнува судењето за убиството на Тупак
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски: На Скопје му треба работа, а не политика

    Ѓорѓиевски: На Скопје му треба работа, а не политика

    20.10.2025 во 14:473 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Скопје гласаше за визија, за конкретни проекти и за одговорно работење, порача денеска на прес-конференција кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, по вчерашното гласање во првиот круг од локалните избори и посочи дека Скопје избра иднина. 

    -Од дното на моето срце, сакам да ви се заблагодарам за секој глас, за секој разговор, за секоја подадена рака и за огромната доверба што ми ја дадовте во првиот круг од овие избори. Резултатот е јасен и недвосмислен – Скопје гласаше за работа. Скопје гласаше за визија, за конкретни проекти и за одговорно работење, истакна тој. 

    Ѓорѓиевски нагласи дека Скопје избра иднина. 

    – Оваа победа и водство во првиот круг не е моја лична победа. Ова е победа на сите вас, кои верувате во развиено, европско и функционално Скопје. Вашата доверба е најголемиот мотив, но и најголемата обврска за мене. Вие испративте јасна порака дека нашиот град заслужува и може многу подобро, подвлече тој. 

    Притоа, потсети дека следува вториот круг од изборите. 

    – Првото полувреме го добивме убедливо, со огромна поддршка, но, натпреварот се уште не е завршен. Работата мора да ја довршиме. Победата мора да ја потврдиме и да ја направиме уште поголема. Затоа, нема застанување. Уште од денес, продолжуваме со уште посилно темпо, најави Ѓорѓиевски. 

    Во наредните две недели, како што рече, заедно со неговиот тим ќе бидат присутни во секое маало, на секоја улица, во секој дом.

    – Ќе разговараме со уште повеќе граѓани, ќе ја претставиме нашата програма и ќе ги слушнеме вашите идеи и критики. Сакам да упатам порака и до оние граѓани, кои во првиот круг не излегоа на гласање или го дадоа својот глас за некој од другите кандидати. Вратата на нашата граѓанска коалиција е отворена за сите. Нашата визија е обединето Скопје, а не поделен град. Ве повикувам да ни се придружите, да се обединиме околу идејата за подобро Скопје за сите нас, рече Ѓорѓиевски. 

    Најави дека уште од денеска ќе разговара со сите кандидати и политички структури, кои не влегуваат во вториот круг. Ќе понудел соработка, затоа што, како што истакна, на Скопје му треба работа, а не политика. Тимот кој ќе го водел Скопје, ќе бил составен исклучиво од најдобрите.

    – Овој град изгуби премногу време во експерименти. Доста е. Да ги засукаме ракавите и да покажеме дека треба работа. Ве повикувам за поддршка, во вториот круг да излеземе уште помасовно. Да ја потврдиме волјата на мнозинството и да ја запечатиме конечната победа. Ова е битка за развиено и функционално Скопје. Да ја добиеме сите заедно, порача Ѓорѓиевски. 

    На новинарски прашања, дали очекува поддршка од СДСМ и ДУИ во вториот круг, тој одговори дека очекува да го поддржат сите граѓани на главниот град. 

    – Не водам политика. Јас сум работник и сум човек од народот и затоа на целиот народ во Скопје му нудам подадена рака, одговори тој. 

    Притоа, додаде дека очекува во вториот круг, да расте излезеноста и поддршката. 

    Ѓорѓиевски рече дека му се важни сите граѓани и најави рамномерен развој на градот. 

    Прочитај повеќе

    Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување

    17.08.2026 во 22:11

    Велјановски ги најави новите странски инвестиции во ТИРЗ зоните низ Македонија

    17.08.2026 во 11:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.