Ѓорѓиевски: Изборот е лесен, Заев или Македонија

Тргнуваме од Струмица, од жариштето на заевизмот да го поразиме и донесеме победа за обнова на Македонија, напипша Орце Ѓеоргиевски на Фејсбук.

„Тргнуваме во една од најважните битки за Македонија и македонскиот народ, за нашата иднина и иднината на нашите, но и неродените деца.

Ова е битка во која ќе се одлучува дали сакаме Македонија да се движи по патот на вистинските вредности или Македонија која, можеби повеќе и да ја немаме.

Во оваа битка сме заедно како и секогаш, ВМРО – ДПМНЕ рамо до рамо со народот и во неа токму ние ќе победиме.

Изборот е лесен: Заев или Македонија“, напиша Ѓорѓиевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.06.2020 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега