Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дрон удри во детски парк во Харков – меѓу загинатите се едногодишно бебе и нејзината мајка
    • Времето вечерва: УХМР ги објави температурите во 20 часот
    • Николоски: Со изградбата на коридорите 8 и 10 се гарантира опстојот и безбедноста на Македонија
    • Откриена нелегална фабрика за цигари, 34 работници биле држени во заложништво во Словенија
    • Апсења во повеќе градови во Македонија
    • Следната недела доаѓа голем празник
    • Најавен полициски час во Франција
    • Кочани: Татко се заканувал на својот син – тинејџер
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски ексклузивно: Од утре почнува пробивањето на трасата кај мостот „Генерал Михајло Апостолски“

    Ѓорѓиевски ексклузивно: Од утре почнува пробивањето на трасата кај мостот „Генерал Михајло Апостолски“

    03.09.2026 во 19:572 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето во емисијата „Колегиум“ на телевизија Алфа ексклузивно најави дека од утре започнува уривањето на објектите и пробивањето на трасата кај мостот „Генерал Михајло Апостолски“.

    Ѓорѓиевски информираше дека е завршен рокот за иселување на жителите на кои им е целосно исплатена експропријацијата, со што се отстранети сите пречки за почеток на активностите. Со пробивањето на трасата ќе се создадат услови мостот конечно да биде целосно ставен во функција.

    Станува збор за мостот кој во јавноста со години беше познат како „мостот што не води никаде“ и „мостот за ловење риба“, бидејќи беше изграден без соодветно сообраќајно поврзување.

    Градоначалникот посочи дека практиката од минатото, граѓаните да бидат оставани без одговор и со години да чекаат исплата, е завршена. Надоместокот за експропријацијата бил исплатен уште следниот ден, а Градот им помогнал на жителите и во целиот процес на иселување.

    Ѓорѓиевски нагласи дека лично застанал зад овие граѓани и дека ниту еден човек не бил оставен сам да се справува со проблемот.

    Со почетокот на пробивањето на трасата се исполнува уште едно големо ветување. Иако реализацијата беше најавена во рок од четири години, проектот ќе биде завршен многу порано – како доказ дека кога се работи одговорно и посветено, резултатите не чекаат.

    …

    Прочитај повеќе

    Сабајле уште во 8 часот ќе снема струја – Проверете дали сте на списокот за исклучувања

    19.10.2026 во 17:49

    (ФОТО) Ѓорѓиевски: Зоолошката градина во Скопје се модернизира

    19.10.2026 во 16:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.