Весна Ѓорѓиева, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска седница наменета за пратенички прашања постави три прашања, во областа на транспортот, здравството и економијата.
,,Транспортната поврзаност е од особено значење за нашата земја со другите земји. Многу зависи таа транспортна поврзаност и за економските развојни цели и развојот нашата држава. Денеска ние бевме сведоци каде што вие имавте средба со амбасадорот на Обединетите Арапски Eмирати и навистина мене како пратеник, а и посебно македонската јавност да види, да разбере и да знае што денеска договоривте заедно со амбасадорот на на Обединетите Арапски Емирати“, истакна Ѓорѓиева, а прашањето го постави до министерот за транспорт, во врска со што конкретно се дискутираше на средбата.
Второто прашање, таа го упати до министерот за здравство, а во врска со новите законски решенија за боледување, кои се условите, постапка на користење и продолжување на боледување.
,,Имајќи во предвид дека правото на боледување е право на секој осигуреник, на секој работник и како работничко право е особено големо значење за сите осигуреници. Во последно време ние гледаме во медиумите на социјалните мрежи изјави од министерот, изјави од министерот за внатрешни работи каде што гледаме дека делот во користењето на боледувањата има некои си негативности, односно издавање боледувања на лица коишто навистина не се за ааа а медицински третман, односно да не речам злоупотреба на издавањето на боледувањата. А имајќи во предвид дека боледувањето е директно поврзано со заштитата на здравјето и работничките права, но исто време има и значење и за правата на работодавецот и функционирањето на целиот работен процес, а и функционирањето на системот на здравствена и социјална заштита. сметам дека е важно да се направи јасна разлика меѓу работниците кои имаат реална и медицинска оправдана потреба од боледување и евентуалните случаи на злоупотреба на ова право“, кажа Ѓорѓиева.
Третото прашање на пратеничката беше поврзано со странските директни инвестиции, а упатено до заменик министерот за економија: ,,Какви конкретни резултати има постигнато Министерството за економија во привлекувањето на странските инвестиции? Кои нови инвестиции, инвеститори се очекуваат во наредниот период? Во кои на сектори ќе бидат насочени овие инвестиции и колкав придонес се очекува да имаат во отварањето на нови поквалитетни работни места, зголемувањето извозот, трансферот на нови технологии, знаењето и поврзувањето на странските инвеститори со домашните компании“.


