Ѓоковиќ бил позитивен на Ковид на 16 декември, а следниот ден врачил пехари на деца

 

Новак Ѓоковиќ добил медицинско „оправдување“ за настап на Австралија опен бидејќи имал позитивен тест на КОВИД-19 на 16 декември, тврдат неговите адвокати во австралискиот суд, каде што светскиот рекет број 1 се бори против одлуката да му биде одземена визата. Сепак на 17 декември, на свеченоста во Белград им ги врачил пехарите на најдобрите млади тенисери прогласени од Тенискиот сојуз на Србија (ТСС).

Хаосот околу Србинот ги надмина и спортските граници на почетокот на 2022 година, откако не му беше дозволен влез во Австралија и покрај тоа што организаторите на првиот гренд слем од сезоната, Австралија опен му дозволија настап поради „медицински причини“. Тој прво беше 10 часа сопрен на аеродромот во Мелбурн, пред визата да му биде одбиена, а потоа откако реши да се жали на одлуката, беше сместен во хотел за имигранти во градот.

„Датумот на првиот позитивен ПЦР тест беше забележан на 16 декември 2021“, се вели во жалбата на неговите адвокати во Мелбурн.

08.01.2022 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега