Close Menu
Press24
    Најново

    Ги славиме преподобните Исакиј, Далмат и Фауст

    16.08.2026 во 10:29

    Денеска температури до 36 степени: Во вторник невреме

    16.08.2026 во 10:20

    Продолжува поставувањето на батериски системи – клучен чекор во енергетската транзиција

    16.08.2026 во 10:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ги славиме преподобните Исакиј, Далмат и Фауст
    • Денеска температури до 36 степени: Во вторник невреме
    • Продолжува поставувањето на батериски системи – клучен чекор во енергетската транзиција
    • Најмалку пет лица се повредени во пукање на Државниот универзитет во Вирџинија
    • Едно лице измамено во Делчево, штипјанец набавил од него 2.580 тони сливи и не му платил
    • Нетанјаху ја нарече Велика Британија „исламска република“, Лондон: Неприфатливо
    •  Лишени од слобода 12 возачи за безобѕирно управување со возило, седум немале возачка дозвола, од кои еден малолетник
    • Земјотрес ја стресе Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ги славиме преподобните Исакиј, Далмат и Фауст

    Ги славиме преподобните Исакиј, Далмат и Фауст

    16.08.2026 во 10:294 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 3 август.

    Преподобните Исакиј, Далмат и Фауст

    Исакиј се празнува уште еднаш посебно (под 30 мај). Свети Далмат најнапред беше офицер кај царот Теодосиј Велики и царот го чуваше во голема чест. Но кога во него се разбуди духот, тој презре с ? светско, го напушти чинот, го зеде својот син единец Фауст и со него отиде во предградието на Цариград, во обителта на Свети Исакиј, каде што обајцата примија монашки потстриг. Далмат сиот му се предаде на богоугодниот живот, на голема радост на старецот Исакиј. И кога му се приближи смртниот час, старецот го постави Далмат за игумен наместо себеси. Подоцна таа обител по него се нарече Далматска.

    Тропар

    Напојувајќи се од добриот корен, Исакиј угодникот Господов, Далмате и Фаусте, се подготвивте за Небесната татковина, презирајќи го минливото и суетно живеење. Затоа со разум благодатен наградени бевте, и сега ве молиме за нас да се застапите пред Домостроителот на нашето спасение.

    Преподобен Козма евнух

    Монах од лаврата Фаранска. Многу учен во Светото Писмо. Толку ги ценел делата на Св. Атанасиј Велики што му велел на својот ученик: „Кога ќе слушнеш некој збор од книгите на Свети Атанасиј, ако немаш хартија запиши го на рака.“ На старост дојде во Антиохија кај патријархот Григориј (+584г.) и тука го заврши својот земен живот. Патријархот нареди телото на Козма да се погреба во манастирот на Патријаршијата. Еден човек често доаѓаше на Козминиот гроб и чевствувајќи го Светителот, Му се молеше на Бога. Кога го прашаа зошто прави така, објави дека дванаесет години лежел фатен и дека Свети Козма го исцелил.

    Тропар
    Расудувањето како дар од Бога се приви за разумот твој, о Козмо, подвижниче Христов, мерка зеде на времето минливо и безвременост доби во Царството Небесно. Затоа за нас моли се, оче преподобен, од Бога да измолиме спасение за нашите души.

    Преподобен Антониј Римјанин

    Роден е во Рим во 1086 година, од родители благочестиви и имотни. Во тоа време Римската црква се одвои од Источната и сите што ? останаа верни на Источната Црква беа гонети од римскиот клир. Меѓу гонетите беше и Антониј. Тој го раздаде сиот наследен имот и се замонаши. Се подвизуваше стоејќи на една карпа во морето четиринаесет месеци. Но карпата се одвои од својата основа и по некоја чудна промисла доплови во Новгород. Во Новгород љубезно го прими архиерејот Никита и му помогна да ? подигне црква на Пресвета Богородица, каде што потоа се крена манастир. Поживеа Свети Антониј долго како игумен на манастирот, пројави голема благодатна сила преку многу извршени чуда и се упокои мирно во 1146 година, кога се пресели во дворците на Господ.

    Тропар
    О велик Антоние, кој се удостои да бидеш положен во рацете на Каменот аголен, радувај се оче преподобен, бидејќи на Тој брод далечина нема и времето земно мирува. А ти, солзна покривка радосна даде на душата твоја: приведувајќи мнозина кон Христа, пастиру Господов. Моли се за нас, странецу земен, на кого денес чест воздаваме и на твоите нетлени мошти се поклонуваме.

    Света мироносица Саломија

    Мајката на Светите апостоли Јаков и Јован. Жена на Заведеј, а ќерка на праведниот Јосиф. Му служеше на Господ за време на Неговиот земен живот и се удостои да биде меѓу првовесниците на Неговото воскресение.

    Тропар
    О мајко апостолова, ти која славата Божја пред се ја посакуваше, Тебе Христос умот ти го озари, до познание дојде дека волјата Господова е над секоја желба човечка, зашто Он знае колкава тежина на Крстот треба да понесеме. Мајко Саломие, моли се, о ти мироносице, Христос тежините да ни ги олеснува и Неговиот благ јарем да го прифатиме.

    ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

    Денеска е Св. Рок.

    Бил роден во 1295 година, во Монтпелиере во Франција. По смртта на неговите родители, тој го продал имотот, парите им ги поделил на сиромашните и заминал за Рим. На патот за Рим застанал во Аквапенденте каде владеела чума. Им помагал на болните луѓе и се заразил од болеста. На чудесен начин оздравел и продолжил по патот за Рим. На свети Рок му се молат луѓето кои се заболени од разни болести.

    Прочитај повеќе

    Денеска температури до 36 степени: Во вторник невреме

    16.08.2026 во 10:20

    Едно лице измамено во Делчево, штипјанец набавил од него 2.580 тони сливи и не му платил

    15.08.2026 во 18:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.