Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВРЕДИ: Нови можности за студентите, библиотеката „Кочо Рацин“ добива универзитетски статус
    • Трамп застана на страната на Русија – го брани Путин
    • Три дена одмор пред нас: УХМР со временска за продолжениот викенд
    • Се очекува температурата да падне до -40 степени – Градовите во оваа земја веќе се покриени со снег
    • Двајца мажи се борат за живот – со стапови брутално ги тепале по глава, хорор во соседството
    • Ден посветен на верата и покајанието: Се празнува Преподобна Пелагија, има неколку важни обичаи
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ освои 707 гласови во Брвеница, резултатот е порака до Филипче
    • ВМРО-ДПМНЕ: Дојран се развива со инфраструктурни проекти и мерки за поддршка на семејствата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Германската амбасадорка: Не е точно дека Германија инвестира помалку од С Македонија во правосудството

    Германската амбасадорка: Не е точно дека Германија инвестира помалку од С Македонија во правосудството

    21.11.2025 во 14:403 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Германија вложува во правосудството пет пати повеќе по глава на жител од Македонија.

    Вака на директен начин германската амбасадорка во земјава, Петра Дрекслер, одговори на тврдењата на премиерот Христијан Мицкоски дека земјава издвојува поголем процент од БДП за оваа намена од голем број земји членки на ЕУ, притоа споменувајќи ја Германија.

    „Ја следам оваа дебата со загриженост. Вие веќе навестивте со Вашето прашање, правосудството и основните права се одлучувачки критериум во пристапните преговори. Зошто е тоа така? Бидејќи ефикасно и независно правосудство што функционира е, во крајна линија, предуслов за сè понатаму. Ако тоа не е обезбедено, тогаш како држава нема да бидете конкурентни на внатрешниот пазар на ЕУ, нема да можете долгорочно да се докажете како дестинација за инвестиции и нема да можете да ги гарантирате основните права на сите граѓанки и граѓани. И токму поради тоа, владеењето на правото е темелот на Европската Унија. И бидејќи тоа е така, ние како Европска Унија нема да можеме да примиме нови членки во нашите редови, кои не можат да гарантираат дека во нивната држава владее правото уште пред пристапувањето. Но, секако, ефикасноста на правосудството не се обезбедува само преку пари. А уште помалку станува збор исклучиво за платите на поединечните групи на професии, како судии, обвинители и други лица кои работат во правосудството. Но, ако дојдете до заклучок дека ефикасноста на правосудството не е загарантирана, тогаш крајниот заклучок не може да гласи ‘инвестиравме премногу, сега треба да инвестираме помалку во правосудството’. На овој начин нема да успеете да ја обезбедите ефикасноста на правосудството. Секако дека е добар пристап, да се види како тоа успеваат да го постигнат другите држави. Европската комисија за ефикасноста на правосудството прави такви компаративни студии кои го содржат во себе и прашањето за финансирањето и за буџетот. Впечатокот што изминативе денови можеби се појави кај некого во државава е дека Германија инвестира во правосудството помалку од Северна Македонија. Тој впечаток е погрешен, изјави германската амбасадорка во земјава за 360 степени.

    „Мора убаво да се погледнат бројките. Ако ги споредите податоците кои Европската комисија за ефикасноста на правосудството ги доби како резултат на испитувањето во 2022, ќе видите дека Германија уште во тоа време инвестирала во правосудството пет пати повеќе по глава на жител од Северна Македонија. Секако дека знаеме оти мора да се земат предвид и фискално-политичките аспекти во преговорите за буџетот. Така е и во Германија. Но, и во Германија знаеме дека мораме и понатаму да инвестираме во правосудството, за нашата правна држава да остане силна. Токму поради тоа, сојузната влада ова лето донесе нова верзија на „Пактот за правната држава“. Тоа значи дека во следните четири години ќе одвоиме дополнителни половина милијарда евра, за да ги поддржиме сојузните покраини, за нови работни места во јавните обвинителства, во судовите, онаму каде што се потребни, за да се инвестира во модернизација на инфраструктурата и да се овозможи дигитализација. Ова е централно прашање. И уште еднаш, на крајот, ние како ЕУ ќе може да примиме само нови членки кои континуирано работат на тоа владеењето на правото да биде загарантирано“, изјави амбасадорката.

    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ: Нови можности за студентите, библиотеката „Кочо Рацин“ добива универзитетски статус

    21.10.2026 во 09:54

    Три дена одмор пред нас: УХМР со временска за продолжениот викенд

    21.10.2026 во 09:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.