Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • 20-годишник прегази пешак кај Мирковци
    • 35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца
    • Истекол плин на бензинска на патот Охрид-Струга: Дефект имал вентилот
    • Запалил трева – вивнал силен пожар: 60-годишник ќе одговара за предизвикување општа опасност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски: Во Центар покажавме дека може да се работи со соработка и почит меѓу сите советници

    Герасимовски: Во Центар покажавме дека може да се работи со соработка и почит меѓу сите советници

    31.10.2025 во 10:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кандидатот за градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, во интервју за медиумот „Пари“, најави дека во следниот мандат Општината ќе вложи во нова механизација и човечки ресурси со цел самостојно одржување на хигиената и целосно решавање на проблемот со паркирањето.

    „Во следниот мандат правиме набавка на уште повеќе механизација две нови цистерни, пет метларки, а ќе го зајакнеме и тимот на хигиеничари. Ова ќе значи дека сме подготвени и самостојно да ја одржуваме хигиената и да не зависиме од никого, и јас ова неколку пати го барам,“ изјави Герасимовски.

    Тој потсети дека во изминатиот мандат Општина Центар успеала да ја задржи чистотата и покрај, како што рече, „санитарната катастрофа“ која го зафати Скопје, благодарение на новата механизација, 120 хигиеничари и ефикасна организација.

    „Бевме подготвени со нова механизација, тим од 120 хигиеничари и добра организација, па Центар остана чист и покрај хаосот што го зафати градот,“ додаде тој.

    Герасимовски најави и конкретни решенија за паркирањето реализација на монтажниот паркинг во Капиштец, кој не се реализирал поради блокада од Градот Скопје, како и изградба на 300 подземни паркинг-места во Дебар Маало, под новата граѓанско – административна зграда на Општината.

    „Еден од клучните проекти што ќе го завршиме е монтажниот паркинг во Капиштец, а со изградбата на подземниот паркинг во Дебар Маало значително ќе се растовари сообраќајот во централното градско подрачје,“ истакна кандидатот.

    Во врска со кризата во комуналната хигиена во Скопје, Герасимовски оцени дека таа е последица на партиски пресметки и недостаток на политичка одговорност, подвлекувајќи дека во Центар се работи во духот на соработкa.

    „Жално е што на Скопје му се случи оваа хаварија поради партиски расправии. Во Центар покажавме дека може да се работи со соработка и почит меѓу сите советници, и така ќе продолжиме и во следните четири години,“ порача Герасимовски.

    Прочитај повеќе

    Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба, откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи

    19.09.2026 во 12:31

    Хаџиевска: Герасимовски и СДС се неспособни да се справат со наездата на глодари, а камоли да ја водат општина Центар

    19.09.2026 во 12:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.