Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски: ВМРО покажа дека не знае да ја води државата, незадоволството на граѓаните расте

    Герасимовски: ВМРО покажа дека не знае да ја води државата, незадоволството на граѓаните расте

    20.10.2026 во 21:422 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Власта на ВМРО за две години покажа дека не знае да ја води државата, а незадоволството кај граѓаните е сè поголемо, нагласи потпретседателот на СДСМ, Горан Герасимовски, во интервју во емисијата „Ноќно студио“ на 4News.mk. Герасимовски посочи дека катастрофалната економска состојба, незадоволните работници, земјоделци, се јасен показател за погрешните политики на владата на Мицкоски.

    „ВМРО покажа дека во овие две години не знае да ја води државата. Многу полошо се води државата од било која претходна влада. И тоа го покажуваат и самите анкети, незадоволството и револтот кај граѓаните. И она огромно опозициско расположение кое се покажува на самите анкети“, рече Герасимовски.

    Тој посочи дека Владата на ВМРО недомаќински ја води државата, и  незадоволството не е ограничено на една категорија граѓани, туку ги опфаќа сите оние што секојдневно се соочуваат со последиците од економските политики на владата.

    „Катастрофално е сè што се случува во државата особено во делот на економијата. Гледаме незадоволна администрација, гледаме незадоволни земјоделци, незадоволни бизнисмени. Јас сум сигурен дека со окрупување на опозицијата, со стабилна опозиција и со стабилен опозициски блок, дека граѓаните ќе се охрабрат и дека својот револт и незадоволство ќе го кажуваат на друг начин“, рече Герасимовски.

    Во интервјуто, Герасимовски посочи дека и блокираниот европски плат од страна на власта, дополнително ја влошува состојбата во државата, додавајќи дека Македонија губи драгоцено време.

    „Изгубивме драгоцени две години, обврската е на власта во моментов да носи одлуки. Имаат добиено поддршка од граѓаните,, имаат огромен број на пратеници кои што треба да одлучуваат како ќе пристапи Македонија понатаму кон Европската Унија“, рече Герасимовски.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.