Close Menu
Press24
    Најново

    Малолетник уценувал девојче од Скопје: 12-годишна малолетничка под закана испраќала експлицитни фотографии

    14.05.2026 во 14:07

    Сообраќајна несреќа на автопатот кон Гевгелија: Полициско возило се судри со камион, повреден полицаец

    14.05.2026 во 14:03

    Тешка несреќа во Неготино: 12-годишник паднал со електричен тротинет, тешко повреден и неговиот сопатник

    14.05.2026 во 14:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Малолетник уценувал девојче од Скопје: 12-годишна малолетничка под закана испраќала експлицитни фотографии
    • Сообраќајна несреќа на автопатот кон Гевгелија: Полициско возило се судри со камион, повреден полицаец
    • Тешка несреќа во Неготино: 12-годишник паднал со електричен тротинет, тешко повреден и неговиот сопатник
    • (ВИДЕО) Филипче: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на граѓаните за лагите за Преспанскиот договор
    • Муцунски побара средба со бугарската колешка: Потребен е дијалог
    • Пијан малолетник пронајден во бессознание пред средно училиште во Тетово
    • Стефковски: Насилството во училиштата е неприфатливо, Гази Баба воведува засилени безбедносни механизми
    • МОН со поддршка од Македонски Телеком етапно ќе воведува дигитални свидетелства
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски: Први покренавме иницијатива за воведување општествено корисна работа за сузбивање на вандализмот

    Герасимовски: Први покренавме иницијатива за воведување општествено корисна работа за сузбивање на вандализмот

    08.10.2025 во 15:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар и кандидат за нов мандат, денеска оствари средба со универзитетската професорка Татјана Стојаноска Иванова, на која разговараа за проблемот со вандализмот и деструктивното однесување кај младите, како и за иницијативата во која се бараат измени во повеќе закони од областа на родителството, детската и малолетничката заштита и образованието.

    „Имавме неколку инциденти на игралиштето во Капиштец кои беа снимени, а неодамна беше вандализирана и новата теретана во Паркот на Франкофонија. Затоа ја покренавме оваа иницијатива, ја доставивме до ЗЕЛС, ги активиравме сите институции и бараме законски измени кои ќе овозможат поефикасно справување со ваквите случаи. Предлогот ни е воведување општествено корисна работа за младите прекршители и нивните родители, со цел да се подигне јавната свест, да се поттикне одговорноста и да се спречи повторување на вакви појави,“ изјави Герасимовски.

    Тој потсети дека Општина Центар веќе спроведува активности насочени кон психолошка поддршка и здрав развој на децата.

    „Први воведовме забрана за користење мобилни телефони за време на наставата, а класниот час секогаш е резервиран за разговор со учениците. Социјалните мрежи можат да бидат заводливи и токсични за младите, со содржини кои се невистинити и опасни. Затоа предложивме овие часови да бидат посветени на искрен разговор со наставникот и соучениците, со емпатија и разбирање. Само преку пренесување на вистинските морални вредности, го градиме моралниот кодекс кој ќе придонесе за правилен развој на нашите деца и за тоа како да бидат подобри граѓани на заедницата и општеството во кое живееме. Нешта што денес се поважни од кога било,“ додаде градоначалникот.

    Во рамки на средбата, Герасимовски и професорката Стојаноска Иванова се согласија дека појавата на вандализмот бара поширока мобилизација, стратегија и вклученост не само на институциите, туку и на родителите и наставниците.

    Општина Центар во изминатиот период ги реконструираше сите детски игралишта и постави нова теретана во Паркот на франкофонија, која неодамна исто така беше мета на вандализам.

    Прочитај повеќе

    Малолетник уценувал девојче од Скопје: 12-годишна малолетничка под закана испраќала експлицитни фотографии

    14.05.2026 во 14:07

    Сообраќајна несреќа на автопатот кон Гевгелија: Полициско возило се судри со камион, повреден полицаец

    14.05.2026 во 14:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.