Close Menu
Press24
    Најново

    Се скарале за девојка, па извадил пиштол: Полицијата уапси тинејџер од кочанско

    20.03.2026 во 13:50

    МВР на терен: Кампањи против насилство, несовесно возење и зависности

    20.03.2026 во 13:45

    Макрон: Ескалацијата на Блискиот Исток нема да нè одврати од поддршката за Украина

    20.03.2026 во 13:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се скарале за девојка, па извадил пиштол: Полицијата уапси тинејџер од кочанско
    • МВР на терен: Кампањи против насилство, несовесно возење и зависности
    • Макрон: Ескалацијата на Блискиот Исток нема да нè одврати од поддршката за Украина
    • Манасиевски: „Секој кој се огрешил ќе одговара“
    • ВМРО-ДПМНЕ обвинува: „Српска ПР агенција ги штанца соопштенијата на СДСМ, Заев и Башановиќ влечат конци“
    • СДСМ: „Разоткриена е бизнис мрежата на Мицкоски, октоподот има длабоки пипци“
    • Видеото на социјалните мрежи резултираше со казна: Скопјанка возеше „Ауди“ низ паркот „Жена Борец“
    • Меѓународна агенција: Доаѓа енергетска криза – секој што може нека работи од дома
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски на дружба со хигиеничарите: Платите скоро двојно зголемени, се регулира статусот за вработување

    Герасимовски на дружба со хигиеничарите: Платите скоро двојно зголемени, се регулира статусот за вработување

    26.09.2025 во 10:102 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Градоначалникот Горан Герасимовски, вчера се дружеше со хигиеничарите во Паркот на франкофонија, каде лично им се заблагодари за нивната неуморна работа и посветеност.

    „Сакам да ви се заблагодарам за макотрпната работа што ја имате секојдневно и што не ги оставате центарци да живеат во смет. Секој ден ги расчистувате улиците, ги полевате зелените појаси и го разубавувате центарот на градот. Благодарение на вас, целиот смет во Центар е исчистен“ истакна градоначалникот Герасимовски.

    Тој потсети дека изминативе години соработката со вработените во хигиената била на завидно ниво и изрази уверување дека и во наредниот мандат ќе продолжи со уште подобра динамика.

    „Она што го договаравме на почетокот, скоро целосно го реализиравме, остануваат уште малку работи кои заедно ќе ги довршиме. Во делот на платите го отпочнавме процесот и верувам дека веќе следната година ќе го завршиме. Повеќе од половината од колегите што беа непријавени веќе се регулирани, а останатите наскоро ќе бидат завршени. Исто така, зголемувањето на платите беше и ќе остане наш приоритет, кога ќе расте просечната плата, ќе растат и вашите плати,“ рече Герасимовски, потсетувајќи дека платите во овој сектор во последните години речиси двојно се зголемиле.

    Герасимовски, ја нагласи својата подготвеност да остане отворен за барањата на вработените.

    „Да знаете дека сме тука, сме биле тука и ќе бидеме тука да заедно се договараме и излегуваме во пресрет на сите ваши барања,“ изјави тој.

    Популарно

    Се скарале за девојка, па извадил пиштол: Полицијата уапси тинејџер од кочанско

    20.03.2026 во 13:50

    МВР на терен: Кампањи против насилство, несовесно возење и зависности

    20.03.2026 во 13:45

    Макрон: Ескалацијата на Блискиот Исток нема да нè одврати од поддршката за Украина

    20.03.2026 во 13:38

    Манасиевски: „Секој кој се огрешил ќе одговара“

    20.03.2026 во 13:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.