Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пет тинејџери под истрага за групно силување на 17-годишно девојче во напуштена зграда – Хорор во Романија
    • Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител
    • Детали за злосторството ја шокираат јавноста: Го убила 2-годишниот син, па изговорила морничави зборови
    • Уапсен 27-годишник во Белград: Истурил запалива течност и предизвикал пожар во угостителски објект
    • Дојава за бомба и експлозиви во училишен ранец во Средношколскиот центар во Требиње
    • Божиновска во Белград на Вториот министерски самит: Фокус на Вертикалниот гасен коридор и енергетската сигурност
    • Нови детали за смртта на Марија: Го завиткал телото во ќебе и го однел во пештера
    • Полска ја зајакнува одбраната: Системи „Патриот“ се упатуваат кон границата со Украина, се формираат нови воени единици
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски: Мора да продолжиме да го менуваме Центар

    Герасимовски: Мора да продолжиме да го менуваме Центар

    01.10.2025 во 09:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Поддршката за кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ Горан Герасимовски од ден во ден, сѐ повеќе расте. Вчеравечер, голем број на граѓани присуствуваа на отворањето на вториот промотивен штаб кој се наоѓа на бул. „Партизански Одреди“ спроти  Градежниот факултет. 

    Герасимовски, пред присутните граѓани, истакна дека овие локални избори се борба за достоинство, за работливите, за чесните, за сите граѓани кои го сакаат Центар. 

    „Ова е борба за прогресивното, за културното, за почитување на традиционалното, за уважување на човекот, на вистински начин. Решив да се кандидирам затоа што имаме резултати, затоа што е потребно да продолжиме заедно, за да Центар биде уште подобро место за живеење. Во Центар ја направивме самостојно најдобрата градинка. Во Центар ги имаме најсовремените реновирани училишта. Во Центар обновивме преку 24 улици.  Подигнавме нови паркови, направивме нови детски игралишта. Центар е место на културата, на муралите, на новата и вистинска градска култура. Центар што го сакаме е чист, безбеден, зелен и хуман. Во Центар на прво место е граѓанинот и неговите потреби и барања“, рече Герасимовски. 

    Тој, најави низа проекти коишто ќе отпочнат по победата, како нова административна зграда кадешто граѓаните ќе имаат свој простор и содржина, а за еден месец отсега центарци ја добиваат и новата сала „Работнички“ која е симболот на Скопје, којашто не е реконструирана 50 години. Герасимовски, најави и нов дом за стари лица, како и зголемување на еднократната парична помош на пензионерите со ниски примања од 2.500 на 5.000 денари. 

    „Ние сме тие кои мора да продолжиме да го менуваме Центар и да ги шириме вистинските вредности и принципи.  Ајде да продолжиме да работиме за Центар, ајде да победиме за Центар, ајде да бидеме центарот на Македонија. Од срце ве повикувам на целосна мобилизација. Ве повикувам на заедничка работа, со добра мисла и со моќен настап и тим. Ве повикувам да бидеме дел во заедничкиот успех. Од заедничката победа за Центар што го сакаме!“, потенцираше Герасимовски. 

    Прочитај повеќе

    Утре ќе нема струја до 15 часот – најавени исклучувања во повеќе скопски општини

    06.10.2026 во 16:16

    Илинден им помага на семејствата: 3.000 денари за секое прваче

    06.10.2026 во 11:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.