Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Откриени над 4.500 лажни корисници – починати и иселени примале социјална помош
    • Вработениот го фатил како краде, па му одговорил со тупаници – апсење на Бит Пазар
    • ФЗОМ ги усвои новите правила за боледување
    • ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР
    • Апсење во Тетово: Ја малтретирала својата ќерка и нејзиното десетмесечно бебе
    • Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже
    • И македонското Министерство за здравство привремено ја прекинува вакцинацијата со БСЖ
    • Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски: Мислам дека сум единствен градоначалник во државата, кој не потроши ниту еден денар за непродуктивни намени

    Герасимовски: Мислам дека сум единствен градоначалник во државата, кој не потроши ниту еден денар за непродуктивни намени

    02.10.2025 во 09:202 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кандидатот за градоначалник и актуелен градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, вчеравечер беше со жителите од населбата Крњево кадешто разговараше за идните проекти што треба да се реализираат по победата на локалните избори, стои во соопштението на кандидатот за градоначалник од СДСМ Горан Герасимовски.

    Герасимовски, потенцираше дека е намален огромниот долг на општината којшто тој го наследил кога стапил на должноста и и најави дека веќе следната година, општината нема да има никаков долг.

    „Не потрошив ниту еден денар од граѓаните на Центар, потенцирам, ниту еден денар, за патувања и оние непопуларни кафеани. Мислам дека сум единствен градоначалник во државата, кој не потроши ниту еден денар за непродуктивни намени, и сите пари, повеќе од 2 милиони денари ги пренаменивме за потребите на социјално ранливите граѓани“, рече Герасимовски.

    Тој, потенцираше дека во изминатите четири години, сите одлуки коишто ги носел ги правел единствено во интерес на центарци.

    „Не делев, јас обединував. Не бегав од проблемите, јас ги решавав. Не се криев од луѓето, јас одев кај луѓето. Не седев во фотељата, туку бев на улиците и во домовите, таму каде што е најважно и најпотребно. Бев достапен и отворен за сите. Едноставно, јас и мојот тим немавме и немаме дилеми, ние сме тука и мораме да работиме само за Центар“, изјави Герасимовски.

    Герасимовски, информираше дека за четири години инвестирани се над 13 милиони евра во Центар.

    „Парите на граѓаните ги дадовме за граѓаните. За најдобрата градинка во Македонија, за најдобрите училишта во Скопје, за реконструкција на улици, за ранци, прибор и стипендии на учениците, за опрема за хигиена и за најдобрите хигиеничари во Градот, за македонските и центарските легенди и култура, за спортот“, посочи Герасимовски.

    Прочитај повеќе

    Илинден им помага на семејствата: 3.000 денари за секое прваче

    06.10.2026 во 11:23

    Карпош засилено контролира: Седум казни за несовесно одлагање отпад

    06.10.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.