Close Menu
Press24
    Најново

    Која е сопругата на Лионел Меси? Таа се откажа од факултет поради него, а денес е ѕвезда

    08.07.2026 во 23:42

    72-годишен маж доби кривична пријава, со остар предмет ѝ упатувал закани на неговата сопруга

    08.07.2026 во 23:17

    19-годишник нападнат од тројца тинејџери, кај нив најдени тврди предмети и нож

    08.07.2026 во 22:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Која е сопругата на Лионел Меси? Таа се откажа од факултет поради него, а денес е ѕвезда
    • 72-годишен маж доби кривична пријава, со остар предмет ѝ упатувал закани на неговата сопруга
    • 19-годишник нападнат од тројца тинејџери, кај нив најдени тврди предмети и нож
    • Пет лица приведени по осум пријави за семејно насилство во едно деноноќие
    • Три лица приведени на фудбалски натпревaр
    • Грците воведуваат посебни мерки поради отровните зајачки риби
    • Без вода и без струја утре повеќе улици во Скопје
    • Филипче: Македонија касни цела година со реформите, додека регионот оди напред
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски: Интензивна инфраструктурна офанзива во Центар – се гради нова градинка, се обновуваат улици

    Герасимовски: Интензивна инфраструктурна офанзива во Центар – се гради нова градинка, се обновуваат улици

    23.04.2026 во 12:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во гостување во утринската програма на Канал 5 информираше дека паралелно се работи на повеќе инфраструктурни зафати, меѓу кои реконструкцијата на улицата „Ленинова“, во прва и втора фаза, на делницата од „Партизански одреди“ до Министерството за земјоделство.

    Во тек е и реконструкцијата на улицата „Мирослав Крлежа“ во Дебар Маало, како и хортикултурното уредување кај Зелениот пазар.

    Герасимовски најави и изградба на нова градинка во близина на Клиничкиот центар, за која во моментов се подготвува проектна документација. Тој потсети и на неодамна отворената градинка „Пролет“, прва нова по повеќе од 50 години.

    „Продолжуваме и со реконструкција на детските и спортските игралишта, со цел најмладите да имаат соодветни услови за игра и спорт, особено во периодот на распуст“, додаде тој.

    Герасимовски истакна дека советниците ја препознале квалитетната изборна програма и ја поддржале нејзината реализација.

    „Искрено сум среќен што советниците ја препознаа добрата програма со која настапивме на изборите. Голем дел од проектите веќе се подготвени за отпочнување во оваа прва година од мандатот. Верувам дека до крајот на мандатот ќе реализираме над 80% од ветеното“, рече Герасимовски.

    Градоначалникот посочи дека во делот на културата, општината годинава има најголем буџет досега, со бројни настани посветени на 50-годишниот јубилеј на Општината. Паралелно се реализираат и проекти за поддршка на повозрасните, како и активности што поттикнуваат сплотување меѓу сите категории граѓани.
    По успешната манифестација „Центарски улици 4“, во сабота, на 25 април, ќе се одржат „Тематски прошетки со граѓаните за поблиско запознавање со културните обележја на Општина Центар“, со почеток од 12 часот.
    На 27 април, кај спомен-клупата на големиот драматург Горан Стефановски во Дебар Маало,  со почеток од 17 часот, ќе се одржи настанот „Прослава на животот на Горан Стефановски“.

    Прочитај повеќе

    72-годишен маж доби кривична пријава, со остар предмет ѝ упатувал закани на неговата сопруга

    08.07.2026 во 23:17

    19-годишник нападнат од тројца тинејџери, кај нив најдени тврди предмети и нож

    08.07.2026 во 22:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.