Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски: Двојно ќе го зголемиме зеленилото во Општина Центар

    Герасимовски: Двојно ќе го зголемиме зеленилото во Општина Центар

    18.11.2025 во 10:262 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во интервју за „Призма“ истакна дека во следните четири години ќе се заложи за двојно зголемување на зеленилото според бројот на високостеблести дрвја и вкупната покриеност со зелени површини.

    „Во моментов имаме детектирано околу 10.000 високостеблести дрвја. Нашата визија е значително да го зголемиме овој капацитет. Планираме да ги збогатиме дел од постојните паркови и зелени површини, а со измените на законските регулативи задолжително предвидуваме повеќе дрва и зеленило во самите парцели,“ истакна градоначалникот.

    Герасимовски нагласи дека екологијата и зелената енергија се главен приоритет на Општина Центар.

    „Ја основавме Енергија Центар, првото вакво претпријатие со можност за производство и продажба на електрична енергија. Веќе поставивме фотоволтаични централи на повеќе локации, а најголемата е на училиштето ,,Киро Глигоров”. Бидејќи општината нема индустриска зона, создадовме начин буџетот да се полни не само од даноци и комуналии, туку и од обновливи извори на енергија,  при тоа обезбедувајќи ги потребите на нашите објекти и создавајќи профит,“ посочи тој.

    Герасимовски  се осврна и на состојбите со хигиената и одржувањето на зелените површини во општината, како и на критичните точки каде треба да се поработи за да функционира градот.

    „Јавната хигиена беше во многу лоша состојба. Во изминатите три години сами  изнајмувавме механизација, работевме двосменски и организиравме засилени теренски екипи. ЈП ,,Паркови и зеленило“ е, исто така, во критична состојба, дрвја паѓаат при дождови, а дел од зелените површини се сушат, што е недозволиво. ЈСП мора целосно да се реконструира, бидејќи создава проблеми за граѓаните со сообраќајот, загадувањето и хаосот во паркирањето,“ истакна градоначалникот на Општина Центар.

    Герасимовски додаде дека секоја активност што ја презема општината е во интерес на граѓаните,  ослободена од политички влијанија. Очекува конструктивна соработка со градските власти, повторно  за доброто на сите скопјани.

    „Кога граѓаните се во прашање, политиката нема место.  Ние мора да имаме соработка на највисоко ниво, во интерес на граѓаните. Недозволиво е да ги кочиме процесите поради остварување на некои политички цели. Сигурен сум дека ќе имаме одлична соработка“, рече градоначалникот.

    Прочитај повеќе

    Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија

    19.09.2026 во 14:20

    Давчевски до ВМРО-ДПМНЕ: Го блокиравте БРТ за сега Орце да го фали проектот – лицемерни сте

    19.09.2026 во 12:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.