Генералот Карстен Бројер, началник на Генералштабот на Вооружените сили на Германија, денеска пристигнува во официјална дводневна посета на Армијата на Република Северна Македонија, предводејќи висока германска воена делегација.
Во рамките на посетата, Бројер утре ќе биде пречекан со високи воени почести во Генералштабот на Армијата, по што ќе оствари средба со началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, а потоа и со министерот за одбрана Владо Мисајловски.
Германскиот генерал ќе има средби и со претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, како и со премиерот Христијан Мицкоски, информираат од Генералштабот на Армијата.


