Генералниот кризeн штаб на состанок: Ќе се продолжува ли зимскиот распуст?

Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) на Владата вечерва во 20 часот ќе расправа за прашањето за почетокот на второто полугодие од наставата во основното и средното образование. Со работата на ГККШ ќе претседава претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.

На вечерашната прва, конститутивна седница, Владата го продолжи работењето на Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) за менаџирање со справувањето со последиците од пандемијата со КОВИД-19 со претставници на Владата и на институциите кои и до сега беа вклучени во неговата  работа, информираат од владината прес-служба.

– Согласно приоритетите на Владата како што се здравјето на граѓаните и квалитетот на образованието, на денешната седница е донесен заклучок за вечерва во 20:00 часот да се свика состанок на Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) за менаџирање со справувањето со последиците од пандемијата со КОВИД-19 и во консултација со Комисијата за заразни болести, да се разгледа прашањето за почетокот на второто полугодие од наставата во основното и средното образование, информираа од владината прес-служба.

17.01.2022 - 19:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега