Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Левица: Студентите ќе ја тужат Јаневска, МОН мора да го покачи студентскиот оброк
    • Започнува зимското сметање на времето: Ноќеска се враќаат стрелките на часовникот
    • МОН со објаснување за проблемот во „Стив Наумов“: Изолирани ситуации кои се санираат, но дел се и од несоодветно користење
    • Берово утрово најстуден град во земјава, измерени минус 1 степен
    • (ВИДЕО) Mицкоски: Небото свети Македонија
    • Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство
    • Променливо облачно време со сончеви периоди, од недела повремени локални врнежи од дожд
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Гаши утре во Софија на билатерална средба со претседателката на бугарскиот парламент Милчева-Доцова

    Гаши утре во Софија на билатерална средба со претседателката на бугарскиот парламент Милчева-Доцова

    22.06.2026 во 16:262 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката на бугарскиот парламент, Михаела Милчева-Доцова, утре во Софија ќе оствари билатерална средба со претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши. Средбата ќе се реализира на маргините на конференцијата на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).

    На денешниот брифинг со новинарите, Гаши изјави дека разговорите ќе бидат насочени пред сè кон унапредување на парламентарната соработка меѓу Македонија и Бугарија, оценувајќи дека во изминатиот период недостасувала поинтензивна комуникација меѓу двата законодавни дома.

    „Треба да разговараме, треба да одиме напред, да најдеме начин како да бидеме заедно во Европската Унија. Мислам дека иднината треба да нè спојува, а не минатото, така што одам со позитивна мисла и сакам да учествувам во подобрување на односите помеѓу нашите две држави и два парламенти“, рече Гаши.

    Во однос на уставните измени, претседателот на Собранието најави дека ќе ги повтори веќе познатите ставови на актуелното државно раководство, нагласувајќи дека тие се и негов личен став.

    Гаши посочи дека слабата парламентарна комуникација во изминатите години била последица на честите изборни циклуси и политичката нестабилност во Бугарија, но дека со новиот состав на Народното собрание постои можност за воспоставување подобра и подиректна соработка.

    „Сега се трудиме со новиот состав, после парламентарните избори таму да воспоставиме добра комуникација“, изјави тој.

    Средбата во Бугарија следува по неодамнешната посета на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски на Самитот на ПСЈИЕ во Софија. По разговорите со бугарската потпретседателка Илијана Јотова, Сиљановска-Давкова изјави дека станало јасно оти покрај уставните измени, Бугарија има и дополнителни барања поврзани со протоколите од Договорот за добрососедство и работата на Заедничката историска комисија.

    Во меѓувреме, премиерот Христијан Мицкоски повторно ги истакна, како што рече, „црвените линии“ на Македонија во однос на спорот со Бугарија, нагласувајќи дека државата останува посветена на европската интеграција, но без отстапки кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура.

    Посетата на Гаши на Софија се случува во период кога односите меѓу двете земји повторно се во фокусот, по усвојувањето на Извештајот за напредокот на Македонија во Европскиот парламент и продолжувањето на дебатата околу условите за отворање на пристапните преговори со Европската Унија.

    Прочитај повеќе

    Левица: Студентите ќе ја тужат Јаневска, МОН мора да го покачи студентскиот оброк

    24.10.2026 во 11:25

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.