Close Menu
Press24
    Најново

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52

    Лоши прогнози: Скап дизел ќе возиме цела наредна година

    07.10.2026 во 10:13

    Измени во „Сејф Сити“ – камерите ќе гледаат нов прекршок

    07.10.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Владата повторно се задолжува
    • И тоа го има во Македонија: Внук го истепал дедото поради недоразбирање во сообраќајот
    • Скопјанец нападнат на улица среде бел ден
    • Малолетно момче преживеало хорор во Центар
    • ФОТО: Марија најдена шест години по исчезнувањето – Замотана во ќебе лежела до познато туристичко место
    • Нафтата повторно „лета“: Цената над 100 долари, светските пазари во неизвесност
    • Дневен хороскоп за четврток: Нови можности, важни разговори и љубовни изненадувања
    • УХМР ги измери температурите низ Македонија – Ова е состојбата во осум часот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Гаши-Солстром: Одлични билатерални односи меѓу Македонија и Шведска

    Гаши-Солстром: Одлични билатерални односи меѓу Македонија и Шведска

    22.10.2025 во 17:072 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши се сретна со новоназначениот амбасадор на Кралството Шведска, Ола Солстром, на кого му го честита назначувањето на амбасадорската функција и му посака успех на новата должност, изразувајќи надеж дека и во иднина ќе продолжи многу успешната и динамична соработка со Шведската Амбасада.

    Тој ја искористи можноста и да изрази благодарност до Кралството Шведска за континуираната поддршка за демократскиот и економскиот развој на нашата држава преку бројни развојни проекти, не само на политичко, дипломатско и институционално ниво, туку и финансиски преку програмата за реформи за поддршка на евроинтегративниот пат на Македонија со околу 10 милиони евра годишно, што ја прави Шведска најголем индивидуален донор меѓу земјите членки на Унијата.

    Амбасадорот Солстром, осврнувајќи се на одличните билатерални односи меѓу двете држави, истакна дека во текот на неговиот мандат ќе се фокусира на политичките односи, односно продолжување на поддршката за интеграција на Македонија во ЕУ, соработката во НАТО, како и унапредување на економската соработка. Се осврна и на контактите меѓу луѓето, и во таа смисла билатералната парламентарна соработка ја оцени како многу динамична и плодна.

    Двајцата соговорници се согласија дека бројната дијаспора од Република Македонија која живее во Шведска придонесува во голема мера за приближување на двете земји и за продлабочување на взаемните односи.

    Претседателот Гаши потсети дека во сите досегашни состави на Собранието се формира Пратеничката група за соработка со Шведскиот парламент, со што во континуитет се покажува подготвеноста и желбата за интензивирање на меѓупарламентарната соработка и го поздрави и формирањето на ваква Група за соработка и во Шведскиот Парламент, како продолжување на блиската билатерална соработка.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Владата повторно се задолжува

    08.10.2026 во 09:30

    И тоа го има во Македонија: Внук го истепал дедото поради недоразбирање во сообраќајот

    08.10.2026 во 09:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.