Африм Гаши упати честитка по повод празникот Курбан Бајрам, посакувајќи благосостојба, здравје, душевен мир и среќа на семејствата.
Во честитката, Гаши истакнува дека Курбан Бајрам, како празник на пожртвуваност, хуманост и блискост меѓу луѓето, ги зајакнува вредностите на солидарност, разбирање и меѓусебна почит.
Тој нагласува дека празникот потсетува на важноста од грижа за другите и споделување добрина со семејството, соседите и со сите на кои им е потребна поддршка и човечка топлина.
Според него, Курбан Бајрам претставува и повик за поголемо единство, мир и хармонија во општеството, со цел градење подобра иднина за сите граѓани.
Во име на Собрание на Северна Македонија и во свое лично име, Гаши упатува честитки до сите верници по повод празникот.


