Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • 20-годишник прегази пешак кај Мирковци
    • 35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца
    • Истекол плин на бензинска на патот Охрид-Струга: Дефект имал вентилот
    • Запалил трева – вивнал силен пожар: 60-годишник ќе одговара за предизвикување општа опасност
    • Давчевски до ВМРО-ДПМНЕ: Го блокиравте БРТ за сега Орце да го фали проектот – лицемерни сте
    • 28-годишник претепал свој сограѓанин, го удирал и со метален предмет – заврши во полиција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Гаши со брифинг за новинарите по летната пауза – Собранието се враќа со 53 точки на дневен ред

    Гаши со брифинг за новинарите по летната пауза – Собранието се враќа со 53 точки на дневен ред

    31.08.2026 во 08:462 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска ќе одржи брифинг со новинарите, прв по летната пауза во работата на пратениците. На средбата се очекува да ги презентира плановите и активностите што следуваат во Парламентот во наредниот период.

    Пратениците на пленарна седница се враќаат в среда, 2 септември, кога е закажана 121. седница. На дневен ред се 53 точки, меѓу кои предлог за именување вицегувернер на Народната банка, повеќе ратификации, како и Предлог-законот за пријавување и проверка на странски директни инвестиции, во прво читање.

    На седницата ќе се разгледува и Предлог-националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата за периодот 2026–2030 година, како и повеќе законски измени по скратена постапка, главно поврзани со усогласување со новиот Закон за високите раководители.

    По одбележувањето на Денот на независноста – 8 Септември, Собранието повторно ќе заседава на 11 септември. За овој датум е закажана 122. седница, на која по утврдувањето на дневниот ред е предвидено и поставување пратенички прашања од опозицијата.

    На дневен ред засега се шест точки, меѓу кои измени на законите за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права, за комуналните дејности, за градење, за превоз во патниот сообраќај и за санитарната и здравствената инспекција. Сите се предложени по скратена постапка. На дневен ред е и Предлог-законот за државната ревизија, во прво читање.

    Работата на Собранието практично продолжи уште минатата недела, кога заседаваа повеќе собраниски комисии, а пратениците имаа и други активности.

    Летната пауза во работата на Собранието традиционално се користи во текот на август, по што во септември продолжува редовната пленарна и комисиска работа.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Вадете ги чадорите: Утре ќе врне

    19.09.2026 во 13:38

    20-годишник прегази пешак кај Мирковци

    19.09.2026 во 13:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.