Гаши: Сѐ уште немаме конкретна понуда - сакаме да знаеме која ќе биде улогата на Алтернатива
Претседателот на Алтернатива Африм Гаши по средбата со премиерот Зоран Заев рече дека сѐ уште не добиле конкретна понуда.
-Сѐ не дојдовме да дискутираме за конкретни понуди. Стигнавме да зборуваме за концептот како да се излезе од оваа криза и кој е политичкиот контекст на земјата во однос на процесот на евроинтеграции и дали може Алтернатива да помогне во овој процес. Дискутиравме за супстенцијални прашања за државата. Доколку евентуално, хипотетички, дискутираме за можноста за да порасне актуелното мнозинство ние сакаме да знаеме која е улогата на Алтернатива. Ние нема да влеземе со сила никогаш во ниту една Влада ако не е можно да се остварат општите интереси на државата, на граѓаните, на Албанците и на политичката партија Алтернатива, за која нормално мислиме дека и требаме на земјата, им требаме на Албанците, им требаме на сите граѓани, рече Гаши.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа