Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, заедно со
претседателот на Глобалниот совет за толеранција и мир, г. Ахмед Бин Мохамед Алџарван, го
потпишаа Меморандумот за соработка помеѓу нашето Собрание и Меѓународниот парламент за
толеранција и мир (IPTP).
Овој Меморандум претставува важна институционална рамка која има за цел:
-продлабочување на меѓународната парламентарна соработка во областите на толеранцијата,
мирот и демократскиот дијалог;
– редовно учество на Собранието на седниците, комитетите и иницијативите на IPTP;
-континуирана размена на информациите за активностите, документите и парламентарните
проекти на оваа организација;
-координација на можностите за спроведување на заедничките настани, конференциите и
проектите од заеднички интерес.
Инаку, Глобалниот совет за толеранција и мир е меѓународна организација основана во 2017 година во Малта, врз основа на дипломатскиот договор со Владата на Малта, кој ѝ дава дипломатски привилегии и имунитети.
Овој Меморандум претставува важен чекор во унапредувањето на улогата на Собранието на
меѓународната арена и значаен придонес во промовирањето на вредностите на дијалогот,
меѓусебното почитување и глобалниот мир.

