Собранискиот спикер Африм Гаши отиде на гости кај Изет Меџити во општина Чаир за да му ја честите победата на локалните избори.

Коалициските партнери на средбата зборувале процесите што ја очекуваат Македонија, а најавија соработка меѓу Собранието и општина Чаир. 

„Денеска во мојот кабинет го примив претседателот на Собранието, г. Африм Гаши, кој дојде да ми ја честита новата задача. Разговаравме за политичките случувања во земјата, процесите што нѐ очекуваат и важноста на меѓуинституционалната координација во периодот во кој влегуваме. Посетата на г. Гаши е јасен сигнал за поддршка и подготвеност за меѓусебна соработка во корист на нашите граѓани и нашите институции. Му благодарам за почитта и за издвоеното време. Пред нас е многу работа и ќе чекориме со одговорност, посветеност и јасност во одлуките што ги носиме“, вели Меџити.

Exit mobile version