Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет
    • Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска
    • За една недела истекува куќниот притвор на Артан Груби – тој нуди 335.000 евра за да му го вратат и пасошот
    • Кривична за директор од Свети Николе
    • Детали за сообраќајката во Скопје – Двајца во болница
    • Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат
    • Илинден им помага на семејствата: 3.000 денари за секое прваче
    • Од инфраструктура до енергетика: Мицкоски ги најави клучните проекти за следниот период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Гаши оствари средба со европратениците: Транспарентноста на Собранието и евроинтеграциите во фокус

    Гаши оствари средба со европратениците: Транспарентноста на Собранието и евроинтеграциите во фокус

    24.09.2026 во 16:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со европратениците кои учествуваат на 25. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет (МПК) Северна Македонија – Европска Унија, кој на 24 и 25 септември 2026 година се одржува во Собранието на Република Северна Македонија.

    Во отсуство на хрватскиот европратеник Карло Реслер, кој заедно со македонската пратеничка Иванка Василевска е копретседавач со МПК Северна Македонија – Европска Унија, Делегацијата од Европскиот парламент ја предводеше бугарскиот европратеник Ивајло Валчев, втор копретседавач од страната на ЕУ. Во делегацијата е и Томас Вајц, известител за земјава во ЕП, додека Реслер се очекува да пристигне на почетокот на самиот состанок.

    На средбата европратениците пројавија интерес за Собранието во врска со транспарентноста, соработката со граѓанскиот сектор и отвореноста за граѓаните, при што беше истакнато дека невладиниот сектор дава позитивна оценка за работата во оваа насока.

    Претседателот Гаши нагласи дека последниве години, со поддршка на нашите меѓународни пријатели, е направен значаен исчекор во делот на транспарентноста и отвореноста на Собранието.

    На состанокот се разговараше за реформската агенда, особено за администрацијата, правниот систем и регионалната и транспортната поврзаност. Притоа, единствен беше ставот дека мора заеднички да се работи на јакнење на довербата кај граѓаните, што е клучмо за евроинтегративниот пат.

    Гаши посака успешна работа на МПК и изрази уверување дека низ конструктивен дијалог може да се надминат сите предизвици.

    Прочитај повеќе

    Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет

    06.10.2026 во 12:04

    Вреди: Теарце доби јавна градинка, Куманово наскоро добива ново училиште

    06.10.2026 во 10:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.