По повод 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите, во Собранието денеска се одржа настанот „Од невидливост кон еднаквост“, каде собранискиот спикер Африм Гаши упати силни пораки за итна институционална акција. Гаши призна дека иако законите се напреднати, реалноста за ромската заедница сè уште е исполнета со препреки и дискриминација.
„Невидливоста не значи отсуство на права, туку отсуство на правда. Ромите се неразделен дел од ова општество и институциите мора да ги отворат вратите за нивна вистинска застапеност. Општество што остава некого зад себе, и самото заостанува“, дециден е Гаши.
Тој вети дека иако во овој парламентарен состав нема пратеник Ром, тој лично ќе биде гласот на оваа заедница во законодавниот дом, охрабрувајќи ги Ромите да бидат креатори на политиките, а не само нивни корисници.

