Гаши: Не очекував дека СДСМ ќе го прекрши јавниот договор за заедничко владеење

„Во мојата имагинација беше неразбирливо да се мисли дека може да се прекрши јавен и писмен договор“.

Ова вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 го истакна лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.

Според него, не очекувал СДСМ да го прекрши договорот за заедничко владеење со неговата партијата, и да ја внесе Алијансата за Албанците во Владата.

„Селанец украл коњ, дури и кога ќе дојдат други го обвинуваат зошто е украден коњот. Потоа се враќа и вели јас сум бил виновен, а тој што го украл не бил“, рече Гаши на прашањето дали ААА се чувствува виновно што СДСМ на тој начин го прекршила договорот.

24.04.2023 - 22:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега