Close Menu
Press24
    Најново

    55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки

    28.10.2026 во 20:18

    Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога

    28.10.2026 во 20:01

    Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица

    28.10.2026 во 19:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Гаши на Европска конференција на претседатели на парламенти во Рим: Во фокусот борбата против хибридните закани

    Гаши на Европска конференција на претседатели на парламенти во Рим: Во фокусот борбата против хибридните закани

    15.10.2026 во 18:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Собранието, Африм Гаши и генералната секретарка Марина Димовска учествуваат на Европската конференција на претседатели на парламенти и генерални секретари која денеска и утре се одржува во Рим, Италија. На отворањето на конференцијата, како што инфромираат од Кабинетот на Гаши, обраќања пред претседателите на парламентите на земјите членки на Советот на Европа имале претседателот на Домот на пратеници и претседателот на Сенатот на Италијанската Република, Лоренцо Фонтана и Игнацио ла Руса, кои ја нагласиле улогата и значењето на Организацијата како чувар на демократијата, човековите права и владеењето на правото на европскиот континент.

    Во рамки на дебатата „Отпорни демократии обединети против хибридни закани“, учесниците оцениле дека денешната геополитичка нестабилност и технолошкиот напредок ги прават хибридните закани пософистицирани, искористувајќи ги демократските општества за зголемување на поларизацијата, ширењето на поделби и поткопување на довербата во институциите. Било наглaсено дека за успешна заштита, потребна е комбинација од кибербезбедност, транспарентност и општествена отпорност, како и дека искуствата покажуваат дека најефективните пристапи комбинираат правни заштитни механизми, техничка заштита и мерки за зајакнување на довербата на јавноста.

    Во текот на конференцијата, Гаши, како што информираат од неговиот Кабинет, остварил билатерална средба со претседателот на Големото турско национално собрание Нуман Куртулмуш, на која биле потврдени одличните односи меѓу двете држави, значењето на турската заедница во градењето на блиски контакти, како и улогата и придонесот на Република Турција за стабилноста и безбедноста во регионот. Соговорниците оцениле дека традиционалното пријателство и партнерство меѓу двете држави се темелат на силни историски и културни врски и дека интензивната комуникација на високо ниво придонесува за понатамошно унапредување на севкупната соработка.

    На маргините на конференцијата, Гаши разменил мислења со италијанскиот пратеник Пјетро Фасино, кој е претседател на поткомисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за Западен Балкан и кој е силен поборник за побрз влез на државите од регионот во Европската Унија.

    Прочитај повеќе

    55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки

    28.10.2026 во 20:18

    Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога

    28.10.2026 во 20:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.