Close Menu
Press24
    Најново

    Трчајте на бензинска, РКЕ одлучи: поскапуваат нафтата и бензинот

    07.09.2026 во 12:49

    Нови цени на горивата од полноќ

    07.09.2026 во 08:58

    Силен земјотрес утрово во Охрид и Струга

    08.09.2026 во 06:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Гаши: Државноста се гради секој ден со функционални институции и еднаквост
    • Јанушев: Да ја сакаме Македонија со дела и да ја чуваме за генерациите што доаѓаат
    • Празнична честитка од Тошковски: Наша задача е да изградиме држава во која младите ќе ја гледаат иднината
    • Стефковски: Да ја чуваме слободата и со единство да чекориме кон иднината
    • Филипче по повод 8 Септември: Оваа генерација има обврска да се избори за Европска Македонија
    • Шасивари: Патот кон ЕУ минува преку владеењето на правото и еднаквоста пред законот
    • Вреди за 8 Септември: Албанците се нераскинлив дел од историјата, државноста и развојот на оваа земја
    • ЗНАМ за 8 Септември: Независноста е наша обврска да изградиме силна и европска Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Гаши: Државноста се гради секој ден со функционални институции и еднаквост

    Гаши: Државноста се гради секој ден со функционални институции и еднаквост

    08.09.2026 во 10:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитка до граѓаните по повод 8 Септември – Денот на независноста, порачувајќи дека градењето на државата бара секојдневна посветеност, одговорност и поддршка за сите граѓани.

    Тој посочи дека 35-годишнината од независноста е повод да се сумираат постигнатите резултати, но и да се дефинираат идните обврски.

    „Почитувани граѓани, 8 Септември – Денот на независноста е еден од најзначајните датуми во историјата на нашата земја. 35 години живот на една држава не се многу, но се доволни за да разбереме дека државноста не се постигнува само со еден политички акт, со референдум или само со прогласувањето на независноста. Државата е нешто што се гради секој ден – со функционални институции, со еднакво право за сите, со одговорност, со работа, со образование, со економски развој и, пред сè, со луѓе кои веруваат дека нивната лична иднина е поврзана со заедничката иднина на државата. Оваа годишнина треба да ја гледаме со верба и оптимизам, преку она што сме го изградиле, но и преку она што останува да го направиме“, истакнува Гаши.

    Претседателот на парламентот ја подвлече важноста на мултиетничкиот карактер на земјата и рамноправноста на сите заедници.

    „Нашата Република е дом на граѓани со различна етничка, јазична, верска и културна припадност. Оваа разновидност не треба да биде извор на поделби, туку наша заедничка сила. Во темелите на нашата држава секогаш треба да стојат еднаквоста и чувството дека секој граѓанин има свое рамноправно место во државата“, се вели во пораката.

    Во однос на системските приоритети, Гаши апелираше за силни институции, бескомпромисна борба против корупцијата и остварување на европската цел.

    „Наша заедничка должност е да градиме држава во која институциите им служат на граѓаните, во која законите се применуваат еднакво за сите, во која корупцијата не се толерира и во која европската перспектива е заедничка цел. На овој посебен ден, посакувам нашата држава да биде место во кое никој нема да се чувствува како странец, во кое разликите се можност за успех, во кое институциите се посилни од тесните интереси и во кое секој млад човек може со убедување да каже: „Тука е моето место и тука ја гледам мојата иднина.“ Со верба во граѓаните, со одговорност кон државата и со заедничка работа, да ја градиме државата што сакаме да им ја оставиме на идните генерации. Честит 8 Септември – 35-годишнината од независноста на Република Северна Македонија!“, порачува претседателот на Собранието.

    Прочитај повеќе

    Јанушев: Да ја сакаме Македонија со дела и да ја чуваме за генерациите што доаѓаат

    08.09.2026 во 10:52

    Празнична честитка од Тошковски: Наша задача е да изградиме држава во која младите ќе ја гледаат иднината

    08.09.2026 во 10:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.