Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ќе снема вода во 08:30 – Исклучувања на повеќе скопски улици
    • Ќе нема струја 5 часа – Исклучувања во повеќе делови на Скопје
    • Колку и како заработувале граѓаните лани – денеска презентација на податоците од УЈП
    • Уживајте во сонцето додека можете – Пред нас многу лош пресврт со времето
    • Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“
    • Инстаграм профилот на агенцијата Бета под хакерски напад
    • По децении запуштеност, ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
    • Бугарија нема да учествува во новиот финансиски пакет: Радев ја одби европската иницијатива за нов заем од 70 милијарди евра за Украина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ганди доби биста во Музејот на Град Скопје

    Ганди доби биста во Музејот на Град Скопје

    22.07.2026 во 19:091 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Индискиот духовен лидер и борец за независност од британскиот колонијализам, Махатма Ганди доби биста во Музејот на Град Скопје. На крајот од посетата на Скопје, претседателката на Индија Драупади Мурму рече дека во време на конфликти, нетолеранција и поделби, вербата на Ганди во дијалогот, сочувството и мирниот соживот останува актуелна и денес.

    Македонската претседателка, Гордана Сиљановска Давкова, пак, говорејќи за неговото влијание врз светот и големите светски револуционери, рече дека и во процесот на осамостојување на Македонија можел да се почувствува гандизмот.

    Бистата на Ганди во Скопје има посебна симболика, особено што тука е родена Св. Мајка Тереза, која најголемиот дел од својот живот работеше токму во Индија.

    Индијската претседателка Мурму е тридневна посета на Македонија со голема бизнис делегација. Двете претседателки поставија амбициозна цел трговската размена меѓу двете држави да порасне од 133 на 500 милиони долари.

    Индиските искуства во автомобилската индустрија, фармацевтската, традиционалната медицина, информатичките технологии, вештачката интелигенција, дигиталната трансформација, научните истражувања се само дел од секторите преку кои ќе се јакне соработката.

    Прочитај повеќе

    Ќе снема вода во 08:30 – Исклучувања на повеќе скопски улици

    21.10.2026 во 08:14

    Ќе нема струја 5 часа – Исклучувања во повеќе делови на Скопје

    21.10.2026 во 08:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.