Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ГАЛЕРИЈА: Силно невреме корнеше дрвја во Стар Дојран – Оштетени возила, објекти, опрема на плажа

    ГАЛЕРИЈА: Силно невреме корнеше дрвја во Стар Дојран – Оштетени возила, објекти, опрема на плажа

    21.07.2026 во 08:16Updated:21.07.2026 во 08:302 Mins Read
    Илија Тентов - Градоначалник на Општина Дојран
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Силно невреме со пороен дожд, силен ветер, грмежи и град синоќа го зафати Стар Дојран, при што беа откорнати десетици повеќегодишни дрвја на повеќе локации во градот.

    Паднати јавори, борови, багреми и црници предизвикаа материјална штета, оштетувајќи настрешници, урбана опрема на плажата, неколку возила, како и покрив на еден од дуќаните на градскиот пазар, информираа локалните власти.

    Од Доброволното противпожарно друштво „Дојран“ соопштија дека нивните екипи веднаш излегле на терен, каде затекнале паднати големи дрвја во градскиот парк, на игралиштето со справи за вежбање, кај детскиот рингишпил на шеталиштето, во близина на хотелот „Романтик“ и пицеријата „Вавилон“.

    Поради паднато дрво на главниот пат, сообраќајот извесен период се одвивал само по една коловозна лента. Во делови од градот неколку часа имало и прекин на електричната енергија од безбедносни причини.

    Градоначалникот на Дојран, Илија Тентов, информираше дека невремето поминало без повредени лица, но со значителна материјална штета.

    „Силното невреме со обилни врнежи и силен ветер за среќа помина без повредени, само со материјална штета. Екипите на ДППД Дојран, доброволни граѓани и ЕВН веднаш излегоа на терен и започнаа со расчистување на паднатите дрвја и санација на штетите“, соопшти Тентов.

    Тој упати апел до граѓаните да пријават непроодни улици, поплавени домови и подруми, за екипите навремено да можат да интервенираат.

    И УХМР вчера информираше за невремето во Стар Дојран:

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.