69-годишен кавадарчанец се соочува со кривични пријави за незаконит лов и недозволено поседување оружје, откако полицијата при претрес во неговата викендичка и домот пронашла пушка, муниција, месо од срндак и средства за незаконит лов.
Мажот бил лишен од слобода на 26 октомври, околу 15 часот, по преземени мерки и добиени сознанија од полицијата. Со судска наредба биле извршени претреси во неговата викендичка и помошните простории на локалитетот „Васов Град“, во кавадаречко, како и во домот во кој живее во Кавадарци.






МВР
При претресот во викендичката, тој доброволно предал ловечка пушка „Застава“, три ловечки патрони калибар 12, околу 13 килограми месо од срндак и девет примки забранети за лов. На една од примките биле забележани остатоци од биолошки траги.
Случајот е пријавен кај јавен обвинител, а по целосното документирање на настанот, против 69-годишникот ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави за „незаконит лов“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“.

