69-годишен гостиварец е лишен од слобода откако полицијата при претрес во неговиот дом и помошни простории пронашла оружје и поголемо количество муниција.

Од ОВР Гостивар информираат дека претресот бил извршен со судска наредба. При него биле пронајдени автоматска пушка со рамка со шест куршуми калибар 7,65 милиметри, уште една рамка со 17 куршуми од истиот калибар, како и повеќе кутии со вкупно 110 куршуми од различен калибар.

МВР

Лицето е задржано во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Exit mobile version