Тројца мажи од Гостивар и Тетово се лишени од слобода откако кај нив биле пронајдени марихуана и кокаин.
На 6 октомври, полициски службеници од Мобилниот тим „Task Force“ при ОВР Гостивар и СВР Тетово ги лишиле од слобода Р.Ј. (47) и С.Н. (29) од Гостивар, како и Г.О. (44) од Тетово.

МВР
При претрес во домот на Р.Ј., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени две пакувања со марихуана. Марихуана била пронајдена и при преглед на С.Н., додека кај Г.О. бил пронајден и одземен кокаин.
По целосното документирање на случаите, против тројцата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.