Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Франција регистрираше 1.000 мртви од најсилниот топлотен бран во Европа

    Франција регистрираше 1.000 мртви од најсилниот топлотен бран во Европа

    28.06.2026 во 12:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Франција регистрираше околу 1.000 дополнителни смртни случаи за време на рекордниот топлотен бран што ја зафати Европа, соопшти француската агенција за јавно здравје.

    Според прелиминарните податоци на надлежните институции, најголем дел од жртвите се лица постари од 65 години, но здравствените власти предупредуваат дека конечниот биланс најверојатно ќе биде значително повисок.

    Главната причина за ваквите црни прогнози е што сè уште не се обработени сите податоци од домовите за стари лица и приватните домаќинства, каде што дополнително се очекува да бидат регистрирани нови смртни случаи.

    Европа изминативе денови се соочува со еден од најекстремните топлотни бранови досега. Ова невреме предизвика рекордно високи температури, прекини во снабдувањето со електрична енергија, оштетувања на инфраструктурата и десетици жртви во повеќе земји.

    Научниците оценуваат дека топлотниот бран, кој започна на 20 јуни, е најсилниот досега забележан на европскиот континент, кој инаку се загрева побрзо од светскиот просек.

    Иако екстремните температури постепено се повлекуваат кон источниот дел на Европа, делови од североисточна Франција и понатаму остануваат под метеоролошки предупредувања.

    Состојбата ја следат и највисоките владини претставници, кои апелираат на максимална претпазливост кај населението во следниот период.

    Француската министерка за здравство, Стефани Рист, предупреди дека здравствените последици од екстремните горештини можат да траат и до десет дена по намалувањето на температурите, нагласувајќи дека кризата сè уште не е завршена и дека високите температури претставуваат ризик за сите граѓани, а особено за повозрасните и хронично болните лица.

    Прочитај повеќе

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата

    28.10.2026 во 22:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.