Премиерот Христијан Мицкоски денеска учествува на Самитот на лидери „Нашиот пат кон ЕУ“, кој се одржува во Тирана, Република Албанија. Преку објава на Фејсбук, премиерот ја потврди стратешката определба на земјата.

„Денеска присуствувам на Самитот на лидерите „Нашиот пат кон ЕУ“, којшто се одржува во Тирана, Албанија. Нашата земја останува решително ориентирана кон европските интеграции и регионалната соработка, како клучни столбови на нашата заедничка визија за просперитетен Западен Балкан“, напиша Мицкоски.

Претседателот на Владата нагласи дека овој значаен собир е одлична прилика за продлабочување на дијалогот и зајакнување на заедничките напори на земјите од Западен Балкан во процесот на приближување кон Европската Унија.

На Самитот, покрај лидерите од регионот, присуствува и еврокомесарката за проширување, Марта Кос.

Предвидено е премиерот Мицкоски да се обрати на панел дискусијата насловена „Исполнување на заеднички обврски, резултати и забрзување“.

Exit mobile version