Утринава скопската населба Кисела Вода беше потресена од тешка несреќа на градилиште на улицата „Козјак“.

При ископ на темели дошло до свлекување на земјен насип, кој затрупа четири лица кои работеле на локацијата.
За жал еден 34-годишен работник им подлегнал на повредите, додека тројца негови колеги на возраст меѓу 35 и 45 години се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди.