Електродистрибутивната мрежа најави серија планирани активности за одржување и интервенции во мрежата, поради што делови од Скопје во текот на претстојниот викенд ќе бидат со прекинато снабдување со електрична енергија.

На 25 април (сабота), без струја ќе бидат:

  • Од 08:00 до 15:30 часот: корисниците од Морани и викенд населбата Морани.
  • Од 09:00 до 11:00 часот: корисниците од централното градско подрачје, поточно улиците: Никола Клусев, дел од ул. Даме Груев, ул. Максим Горки, дел од ул. Орце Николов (мали броеви) и дел од ул. Васил Главинов.

Прекини кои започнуваат на 25 април и продолжуваат до 26 април:

  • Од 08:30 (25.04) до 17:30 часот (26.04): објекти во круг на фабрика Карпош во населба „Александрија“ и објект на „Центроунион“ во Ѓорче Петров.

На 26 април (недела), прекини ќе има во следните делови:

  • Од 05:00 до 15:00 часот: цела индустриска зона на бул. Борис Трајковски во потег од Пинтија до Драчево.
  • Од 05:00 до 15:00 часот (краткотрајни прекини): корисниците од улиците Јустинијан Први, Драчевска, Малешевска, Бранко Заревски, Антон Димитров, Славка Димкова, Иван Хаџиниколов, Сердарот, Герника, Киро Фетак, Ризо Ризов, Јанко Мишиќ, Живко Фирфов, Ратко Митровиќ, Речиште, Илија Ристовски, Корџевска, Домазетовска, Иван Тургењев, Коперникова, Волтерова и Гутенбергова.
Exit mobile version