Во рамки на Меѓународната конференција со која официјално започна проектот „Скопје – Европска престолнина на културата за 2028“, беше промовирано значајното дело „The Skopje Project“, чиј автор е проф. д-р Огнен Марина. На настанот во име на Град Скопје присуствуваше Орце Ѓорѓиевски, кој истакна дека оваа книга претставува исклучително архитектонско и урбанистичко сведоштво за главниот град.
Книгата го истражува Скопје низ призмата на поствоената обнова, претставувајќи го градот не само како простор обновен по трагедија, туку како меѓународен проект реализиран со поддршка на Обединетите нации и речиси деведесет земји во светот.
Книгата ги следи визиите на светски реномираните архитекти и урбанисти како Ернест Вајсман, Константинос Доксијадис, Јап Бакема и Кензо Танге.
Скопје како раскрсница меѓу Истокот и Западот, каде што архитектурата, политиката и дипломатијата се спојуваат.
Потсетување дека градот поседува историја која е дел од европското и светското културно ткиво.
Ѓорѓиевски порача дека „The Skopje Project“ е исклучителен придонес кон разбирањето на Скопје како град во кој светот вложил знаење, солидарност и надеж.


