Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху преку својот профил на социјалната мрежа Х ја информираше јавноста за деталите околу неговата здравствена состојба. Тој откри дека му бил дијагностициран малиген тумор, но по направената интервенција, сега е во одлична здравствена состојба.
Нетанјаху објасни дека медицинскиот извештај бил готов уште пред два месеци, но свесно го одложил објавувањето за да спречи евентуална злоупотреба на информацијата како алатка за пропаганда од страна на Иран во периодот на воениот конфликт.
Му била откриена мала дамка (помала од еден сантиметар) на простатата, утврдена како малиген тумор во рана фаза, без метастази.
Иако лекарите советувале само следење, Нетанјаху се одлучил за итна интервенција со која целосно бил отстранет проблемот.
Пред година и пол имал операција на бенигно зголемена простата, по што останал под постојан лекарски надзор.
Премиерот изрази благодарност до тимот во болницата „Хадаса“ во Ерусалим, нагласувајќи дека за време на кратките сесии на лекување, продолжил со своите секојдневни работни обврски.


