Судењето за деветмината полициски службеници обвинети во врска со трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ денеска е одложено за 1 јуни. Причина за одложувањето е потребата на одбраната да обезбеди и изврши увид во доказите неопходни за постапката.

Со овој судски процес претседава судијката Ленка Давиткова, додека застапник на обвинението е обвинителката Спасенка Андонова. Пред почетокот на рочиштето, одбраната на дел од обвинетите побара Судот да посредува во доставувањето барања до МВР, Бирото за јавна безбедност (БЈБ) и Управата за јавни приходи (УЈП), со цел обезбедување докази, декласификација на документи, како и овозможување увид на вешто лице кое треба да изврши вештачење.

Обвинителката Спасенка Андонова најави дека ќе се произнесе по барањата откако ќе биде извршена анализа на доказите.

  • Имајќи предвид дека одбраната има доставено дел од листата на докази со прилози, дел од одбраната денеска доставува докази, а голем дел се со барања од институции од кои не им е одговорно и бара од Судот таквите барања да им бидат одговорени, Обвинителството по тие ќе се произнесе откако ќе бидат обезбедени и ќе направи увид и анализа – изјави Андонова.

ОЈО-ГОКК ги товари деветмината полицајци за „Злоупотреба на службената положба“. Според обвинението, тие во период од една година пропуштиле да преземат службени дејствија и неопходни проверки за безбедност и сообраќајни решенија, кои биле услов за издавање на лиценца за работа на дискотеката.

Exit mobile version