Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција истакна дека премиерот Христијан Мицкоски се повлекува од законот за двојни државјанства затоа што се дозна вистината дека министри, пратеници и други функионери на ВМРО имаат бугарски пасоши.

„Вчера премиерот Христијан Мицкоски ретерираше од најавениот закон од неговите пратеници на ВМРО за тоа да пратениците немаат двојни државјанства. И уште една нивна лага е разобличена. Зошто? Поради тоа што министри и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалници, функционери, директори на јавни претпријатија имаат бугарски пасоши. Толку од нивниот патриотизам. Лажниот патриотизам сè повеќе се разобличува и секој ден сè повеќе излегува на виделина.“ рече претседателот Филипче.

Претседателот Филипче потенцираше дека токму реакцијата на СДСМ ја разобличила вистинската намера на власта:

„Вистината е дека ги пресретнавме и разобличивме уште една нивна лага, уште еден нивен лажен патриотизам. Кога дадовме амандмани и најавивме дека тој предлог-закон ќе важи и за актуелниот пратенички состав, а не како што тие сакаа за од следните пратенички состави, и кога го поднесовме и нашиот предлог-закон да членови на влада немаат двојни државјанства, тие постепено ретерираат.“ рече Филипче.

Тој потенцираше дека мислење од правни експерти требало ВМРО да побара пред да го поднесат законот во Собранието.

„Премиерот ќе барал мислење од правни експерти. Зошто не побарале претходно? Зошто не побарале мислење од правни експерти пред пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да го поднесат тој закон во Собранието?“ рече Филипче.

Претседателот Филипче посочи дека концептот на лажниот патриотизам на Мицкоски е целосно разобличен.

„Толку од лажните патриоти. Толку од лажниот патриот Мицкоски. Лажниот патриотизам повеќе не функционира. Станува збор за предавници на националните интереси, на интересите на земјата и на интересите на граѓаните.“

Exit mobile version