Македонскиот пејач Спасен Силјановски, на социјалната мрежа Фејсбук, скршен од болка сподели дека починал неговиот татко.
-Денес Бог ми го зеде најдобриот другар.Човекот кој што ме научи се во животот. Човекот кој пред се ме научи што значи Чест, Морал и Достоинство. ТАТИЧКО незнам дали уште еднаш ќе можам да запеам песна како што тоа го правевме заедно. Ќе ми фали твојот глас, твојата поддршка, твојата љубов. Почивај во мир, напиша пејачот.
Според информациите што ги сподели пејачот, погребот ќе се одржи денеска во селото Пополжани во 12:00 часот.

