Познатиот српски инфлуенсер и пејач, Андрија Јовиќ (Андрија Јо), ги загрижи своите следбеници на социјалните мрежи кога објави фотографии од болнички кревет. Тој со своите фанови сподели вознемирувачки детали за здравствената агонија низ која поминувал во изминатите две недели.
Сè започнало како „обична вирусна настинка“ за која земал антибиотска терапија препишана од лекар. Меѓутоа, состојбата брзо се искомплицирала.

„По 5 дена ми се влоши состојбата и почна да ми се затвора грлото од едната страна и повеќе не можев да голтам ни да јадам“, изјавил инфлуенсерот, покажувајќи притоа и куп медицински извештаи од различни прегледи и тестирања.
И покрај тоа што побарал помош од ОРЛ специјалист и примал силни антибиотски инјекции и кортикостероиди, состојбата секој ден се влошувала, а терапијата не давала резултати.
„Од обична вирусна настинка’ кај мене се создаде оваа заоблена кеса со гној во главата до која антибиотиците не можеа да допрат и денес мораа да ја исечат, отворат и исчистат“, напиша пејачот.
По преживеаната агонија, Андрија признал дека потрошил „море пари“ на приватни клиники, кои ги сменил дури четири, но дека на крај проблемот успешно му бил решен во Клиничкиот центар.
За крај, инфлуенсерот ги смири загрижените следбеници, порачајќи дека сега се чувствува добро. Тој истакна дека со споделувањето на своето искуство сака да им помогне на другите и да укаже како треба да постапат сите оние кои евентуално би се нашле во слична, воопшто не наивна ситуација.