(ФОТО) Селена Гомез: Ме контактираше Хајли Бибер - добивала смртни закани, Ве молам - сакам сето ова да престане

Веќе помина повеќе од еден месец откако започна јазолот помеѓу актуелната пејачка Селена Гомез и Хајли Бибер, сопругата на Џастин Бибер. Повеќе постапки, видеа и индиректни препукувања помеѓу бившата девојка и сегашната сопруга на Џастин Бибер предизвикаа лавина од реакции и коментари во јавноста, воглавно во поддршка на Гомез.

Но, очигледно ситуацијата кулминирала, па Хајли решила лично да ја контактира Селена Гомез, за да реагира и да ги „смири“ нејзините фанови бидејќи наводно добивала смртни закани.

Пејачка Гомез, која пред неколку денови стана најследената жена на „Инстаграм“, штотуку објави приказна во која напиша:

„Хајли Бибер ме контактираше и ме информираше дека добивала смртни закани и други негативни коментари. Ова не е она за кое јас се залагам. Никој не треба да искусува омраза или булинг. Секогаш сум се залагала за љубезност и навистина би сакала сето ова да престане“.

За потсетување, Селена Гомез и Џастин Бибер беа во долгогодишна врска, а сега Бибер е во брак со моделот Хајли Бибер. Инаку отсекогаш била тензична врската помеѓу Селена и Хајли, но во последниот месец ситуацијата повторно се „вжешти“ откако сегашната сопруга на Бибер објави повеќе провокативни видеа со кои индиректно ја навреди, потцени и омаловажи Селена Гомез. Целата оваа драма резултираше со намалување на следбениците на Хајли и Кајли Џенер на Инстаграм, а Селена повторно стана најследената жена на Инстаграм со над 400. милиони следбеници. 

24.03.2023 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега