ФОТО: Се врши увид на местото на настанот за пожарот што избувна на мостот „Беласица“

 

Моментално надлежните служби, меѓу кои и претседателот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, вршат увид на местото на настанот кај мостот Беласица, каде што доцна синоќа, точно на полноќ бил пријавен пожар. 

„Веднаш по добиената информација од страна на Секторот за операции и координација (СОК) и Регионалниот РЦУК Скопје на ЦУК биле известени сите можни институции и фирми, коишто имаат или, пак, е можно да имаат инсталации под мостот и е извршена координација со Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје, којашто била на терен со 8 противпожарни (пп) возила и 21 пожарникар“, изјавија од ЦУК за „Прес24“. 

Причината за пожарот и материјалната штета дополнително ќе бидат утврдени. 

Пожарот бил целосно локализиран утрово околу 04.00 часот, а во моментов мостот е целосно затворен за сообраќај од безбедносни причини. Полицијата ги пренасочува возилата. „Прес24“ побрара детали за настанот од Министерството за внатрешни работи, но до објавата на оваа вест, одговор не добивме.

Од Центарот за управување со кризи најавија прес-конференција за да ги соопштат деталите и причините за избувнување на пожарот кај мостот Беласица. 

 

12.05.2023 - 09:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега