Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО) Се враќа сјајот на Скопје – се менуваат скршените плочки на Плоштад „Македонија“

    (ФОТО) Се враќа сјајот на Скопје – се менуваат скршените плочки на Плоштад „Македонија“

    11.12.2025 во 12:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градот Скопје продолжува со засилени активности насочени кон обнова на јавните површини и подобрување на урбаниот амбиент, со посебен фокус на враќање на достоинствениот изглед на централното градско подрачје. Како што соопштија денеска од Град Скопје, акцентот е ставен на местата кои со години беа занемарени и оставени без основно одржување.

    Со засилен ангажман и координација на сите градски служби, започнати се интервенции чија цел е да се врати функционалноста, безбедноста и убавината на просторот кој го користат илјадници граѓани и посетители.

    Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека се враќа сјајот на Скопје:

    „Деновиве интензивно се работи на сите страни низ градот. Го средуваме она што со години беше запоставено, а требаше да се одржува секојдневно, затоа што Скопје го заслужува најдоброто.“

    Конкретни интервенции на Плоштадот „Македонија“:

    • Замена на скршените и пропаднати плочки.
    • Враќање во функција на фонтаните кои долго време беа неактивни.
    • Решавање на проблемот со пристапните патеки, кои досега беа предизвик за граѓаните.

    „Скопје мора да биде достоинствен, уреден и убав град, токму таков како што го паметиме и каков што сакаме да го оставиме за идните генерации“, нагласи Ѓорѓиевски.

    Тој додаде дека работата се спроведува за граѓаните, но и за сите гости кои секојдневно доаѓаат да го запознаат главниот град.

    Прочитај повеќе

    Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија

    19.09.2026 во 14:20

    Давчевски до ВМРО-ДПМНЕ: Го блокиравте БРТ за сега Орце да го фали проектот – лицемерни сте

    19.09.2026 во 12:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.